Калифорнија воведува нови забрани поради лошата безбедност на „ховебордите“, најжешките технолошки играчки на сезоната. Со новиот закон, кој стапи на сила на 1 јануари, се бара сите оние што ги употребуваат уредите да возат само на патишта каде има ограничување на брзината од 35 милји на час или помалку, да носат шлем, да се престојуваат на патеките за велосипеди, како и да не возат побрзо од 15 милји на час. Исто така, овие уреди не смее да ги користат лица под 16 години за движење по јавните патишта.
Сообраќајците од Калифорнија најавуваат засилени контроли, а прекршителите можат да се соочат со парична казна од 250 долари. Загриженоста, велат надлежните, е поради безбедноста.
„Тие не треба да внимаваат само на себе, туку, исто така, да ги забележуваат автомобилите кои се таму (на патиштата)“, вели Крис Кохран, од калифорниската канцеларијата за безбедност на сообраќајот. „Исто така треба да внимаваат и на пешаците.”
Кохран предупредува дека локалните прописи може уште повеќе да ја ограничат употребата на уредите. На пример, во Сан Франциско „ховебордите“ не се дозволени на тротоари.
Властите во американските градови и држави исто така се загрижени поради можноста од експлозија на уредот. Неколку инциденти изминатиот период предизвикаа сериозни проблеми, а авиокомпаниите воведуваат забрани за пренос на литиумско-јонските батерии со кои се движат „ховебордите“.