Како звучи Минхен, а како Њу Делхи – Светска мапа на местата со најголема бучава

Голема е разликата помеѓу бучавата во Виена и Барселона, или помеѓу онаа во Минхен и Њу Делхи.

Иако жителите се навикнуваат на секојдневните звуци на полициските сирени, возовите и постојаниот автомобилски метеж, германски истражувачи, споредувајќи информации за нивото на бучава и тестови за слух, изработија рангирање на градовите во светот кои имаат  најголем и најмал проблем со бучавата.

Преку апликацијата „Мими“, за тестирање на слухот, тие барале можна поврзаност помаѓу живеењето во град и предвременото губење на слухот. Откриле позитивна корелација во 64 проценти од случаите, што претставува индикатор дека губењето на слухот може да биде директен или индиректен резултат на животот во овие градови.

Како град со најголема бучава е посочен Гуангжоу во Кина, Њу Делхи во Индија и Каиро во Египет, додека во првите десет се наоѓаат и Истанбул, Барселона и Париз.

Најмалку бучава, од 50-те градови кои се тестирале, била регистрирана во Цирих, Дизелдорф, Виена, Осло и Минхен.