Како си ми? – студентска конференција за македонски јазик, книжевност и култура

Како си ми?“ е студентска конференција што годинава се одржува првпат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. На неа учествуваат студенти од трета и четврта година од различни катедри на факултетот, но и од Филозофскиот факултет. Ќе бидат презентирани единаесет излагања на теми од областа на македонскиот јазик, книжевноста и културата.

Идејата е со оваа конференција да се поттикне интересот кај студентите за истражувачка работа, јавна презентација и дискусија.

Програма на конференцијата:

10:00 – 10:10 – Отворање
10:10 – 11:30 – Прва сесија излагања на учесниците:

1. Сашка Грујовска – „За употребата на глаголската придавка во македонскиот и во германскиот јазик“
2. Инес Цебовиќ – „Морфосинтаксички форми на атрибутната присвојност во хрватскиот и македонскиот јазик“
3. Даниел Матракоски – „Зборообразувачките варијации во наречјата на македонскиот јазик“
4. Дамјан Стојановски – „Аномалиите на кумановскиот дијалект“

11:30 – 11:50 – Пауза
11:50 – 13:10 – Втора сесија излагања на учесниците:

1. Ангела Момировска – „Како Хак Фин стана младиот господин Хаклбери Фин – стравот од колоквијалниот јазик во преведените и оригиналните текстови“
2. Борислав Јарчевски – „Превод или транскрипција на личните именки во прозниот поджанр фантазија, преку сагата „Песна за лед и оган“ на Џорџ Р.Р. Мартин“
3. Мартина Стојковска и Нина Тунтева – „Јазикот во владините реклами“
4. Ведран Диздаревиќ – „Специфичностите на почетното описменување во македонскиот јазик“

13:10 – 13:30 – Пауза
13:30 – 14:30 – Трета сесија излагања на учесниците

1. Андреј Јованчевски – „Кусиот расказ како омилен вид на младиот македонски раскажувач“
2. Александра Стојковска – „Категоријата простор во битовите и во постмодерните македонски драмски текстови“
3. Александра Караицовска – „Просторот на градот во делото „Зима во Лисабон“ на Молина“

14:30 – 14:45 – Затворање на конференцијата