Како одредени професии изгледале пред „Гугл“

Дали е во ред мојата мачка да стане веган? Како бебињата мирисаат толку свежо? Што е љубов?

За 20 години од своето постоење, „Гугл“ одговори на многу различни прашања, стана глагол, и доби казна во средата од 5 милијарди долари, откако е утврдено дека ги кршел антимонополските правила.

Некои работни места засновани на истражување значително се менуваа откако беше создаден „Гугл“, па сега е тешко да се замисли како луѓето го правеа тоа претходно.

Во продолжение, прочитајте како тоа го правеле новинар, адвокат, библиотекар и академик пред ерата на „Гугл“.

Новинар

Џерет Хјуџз бил новинар за „Дејли мејл“ во Северен Велс од 1974 до 2006 година.

„Морав да пишувам за разни работи и никој не бараше од мене да знам сè”, вели тој. „Имав енциклопедија, локална библиотека, но најважно беше да ги познавам оние кои ги знаат фактите и да ги познавам оние што ги познаваат тие луѓе. Мислам дека во секое село имаше барем едно лице што го знаев.

Имавме библиотека во канцеларијата во Ливерпул каде се чуваа сите весници, сите исечоци на секоја приказна. Сè што ни требаше за темата со која се занимававме, библиотекарите наоѓаа и испраќаа факсови. Тие беа фантастични.

И чував сè. Се сеќавам на приказната за бебе родено километри во средината на зимата, кое беше со големина на кеса со шеќер. Кога пристигна во болницата, никој не веруваше дека ќе преживее.

Шест месеци потоа, кога беше ослободена од болницата, пишував за неа, а по десет години повторно. Неодамна минував низ сопствените исечоци и ја најдов приказната.

Видов дека има 21 година, па затоа ја контактирав локалната пошта и ми рекоа дека живеела неколку минути од мојата канцеларија.

„Гугл“ е навистина корисен, но ништо не може да се спореди со личните контакти. ”

Адвокат

Хилари Хајлброн е адвокатка од 1972 година. Таа сега е членка на Судскиот совет во Лондон и се занимава со трговско право и меѓународна арбитража.

„Како почетник во правната професија, добивате инструкции, но мора и самит да истражувате и да пребарувате информации од правни извештаи, учебници и да одете во библиотека.

За некои истражувања треба да одите во Мидл Темпл за да најдете случај што води до друг случај.

Извештаите сега се достапни онлајн – имам полна полица со правни извештаи. Изгледа убаво, но не служи за ништо.

Фактот што извештаите се достапни онлајн можат да ви заштеди време и многу се поубави. Сепак, нема многу заштеда на време, бидејќи многу материјали се попристапни од порано, па мора да проверите сè. Треба да бидете внимателни.

Пред тоа не можевме да се рекламираме. Градевме добри односи со клиентите и се надевавме дека ќе продолжат да ни се обраќаат за помош и во иднина. ”

Библиотекар

Со децении, поранешниот персонал во јавната библиотека во Њујорк беше како „движечки Гугл”. Собираа прашања од јавноста и потоа се обидуваа да најдат одговори од широкиот материјал што им бил достапен.

Во последниве години, вработените ги објавуваат прашањата што некогаш биле поставени на нивниот Инстаграм профил.

„Каде можам да ги најдам сите достапни статистички податоци за обемот на бизнисот и парите од продажбата на трупови?”, прашал некој во 1948 година.

Како одговор на ова прашање, „Гугл“ во 2018 година нуди истражување на Ројтерс за трговијата со трупови во САД.

„Може ли глушец да поврати”, Бил заинтересиран некој во 1949 година, од непознати причини.

Тие одговориле дека глувчето навистина може да поврати.

„Ако отровна змија се касне самата себе, ќе умре?”

Во 1949 година, луѓето имале навистина интересни прашања за животните.

„Гугл“ во 2018 вели: „Никој со сигурност не го знае одговорот“.

“„Во кое време е пладне?”

Одговорот е во 12 часот.

„Зошто англиските сликари од 18 век, толку често на нивните портрети покажуваат верверички и како успеале животните да не ги гризнат?”

„Гугл“ вели дека жените во тоа време имале верверички како миленичиња, па можеби тоа е одговорот.

Академик

Џенис Џелин докторирала во раните седумдесетти години од минатиот век на колеџот во Бостон. Сега е професорка по историја на уметност на колеџот во Масачусетс.

“Гуг смени се, можам да соберам материјал без губење на време во музеј или библиотека, и можам да ја завршам работата поефикасно.

Просечното време кое го минувам во истражување е намалено за 80 отсто благодарение на Гугл.

Пред тоа работевме сосема поинаку. Ако работам на нешто и немам доволно информации, можам само да напишам и да го пребарам материјалот во библиотеката. ”

Но, во библиотеките имаше посебни дружења во контекст на развојот на кариерата, и тоа беше од огромна вредност. Работата „онлајн” е многу изолирана.

„Има нешто убаво во тоа да го поминете денот опкружен со книги и други луѓе. Студентите не градат такви односи”, вели Јелин.