Како може да се излечи зависноста од пластични ќеси?

Од понеделник, големите продавници во Англија ќе наплаќаат по 5 пени по пластична ќеса. Но, како воопшто купувачите се навикнале на бесплатни пластични ќеси?

Законот за наплаќање на пластични ќеси за една употреба во Англија стапува на сила од 5 октомври.

Со него ќе биде задолжително за продавниците во кои работат повеќе од 250 луѓе да наплаќаат по пет пени по ќеса за една употреба, која е дебела помалку од 70 микрони (0.07 мм).

И таму, исто како и овде, има многу исклучоци од правилото, како на пример за лекови, сирово месо и жилети, тоа што ќе мора да се плаќа за ПВЦ ќесите ќе биде голем предизвик за повеќето англиски потрошувачи.

Шведската компанија Celloplast има патентирано „ќеса со рачка од пластичен материјал кој се топи“ во САД во 1965 година. Во средината на 70-тите, американските продавници меѓу кои и PC Jenney, почнале да ги користат овие практични, но нееколошки ќеси. Првите целосно полиетиленски ќеси се појавиле во супермаркетите низ Америка кратко потоа.

До почетокот на 80-тите, ќесите стигнале до британските супермаркети и многу набргу нивната употреба се проширила. Доаѓањето на овој практичен производ во тоа време не се сметало за опасност.

„Имаме некое чудно мислење дека пластичните ќеси отсекогаш постоеле“, објаснува консулстантот за продажба Graham Soult. Тој се сеќава дека ќесите во 80-тите биле многу подебели и поквалитетни. „Не се кинеа од само една конзерва во нив, за разлика од сега“.

Истата стратегија за намалување на нивната продажба ја имаат и други земји низ Европа, но не сите. Има земји, како на пример Германија, каде наплатата за ќеси отсекогаш постоела.

Пред ерата на бесплатните пластични ќеси, луѓето носеле сопствени торби за пазарување. Но, бесплатните и попрактични полиетиленски ќеси за кратко време станале епидемија. Купувачите во британските супермаркети употребиле 8,5 милијарди ќеси во 2014 година, според Wrap, хуманитарна организација за рециклирање.

Во Англија просечниот купувач користи околу 12 тенки ќеси од пластика или хартија месечно, додека во Велс, каде се наплаќаат од 2011 година, купувачите користат само две месечно. Пред да почнат да се наплаќаат, користеле по 10.

Причината е јасна, објаснува Mario Campana, предавач по конзумеристичко однесување на Goldsmiths, при универзитетот на Лондон. „Кога има економска вредност, потрошувачите ќе бидат склони кон тоа да не го купуваат продуктот толку често“.

Според Keep Britain Tidy, еколошка организација, 11,4 посто од местата анкетирани во Англија покажале докази дека се расфрлаат ќеси за една употреба на јавни места, што придонесува уште повеќе за загадувањето.

Воведувањето на наплаќање претставува промена во пристапот кон купувачите, водена од владата. Иако се работи за мала сума која повеќето не ја ни сметаат, ќе направи ли промена во однесувањето и потрошувачката на пластични ќеси?

Во Велс било потребно извесно време за промената да премине во навика. Според мислењето на експертите, супермаркетите треба да стават знаци на паркинзите за да ги потсетат купувачите да си земат ќеси со себе.

„Многу од шопингот е запишано однесување“, објаснува. „Се надеваат дека ќе ги навикнат купувачите да носат ќеси со себе, и еден ден тоа ќе биде нормално. Треба само повеќе да се промовира“, вели Campana.

Извор: ВВС