„Како класа 13 во 2015 ја одигра Животинска фарма на Џорџ Орвел“

Испитот по предметот Актерска игра 4 на студентите од катедрата Драмски актери од втора година ќе се одржи вечерва (26 мај) на сцената при Факултетот за драмски уметности, со почеток од 20.00 часот.

Претставата чиј наслов гласи „Како класа 13 во 2015 ја одигра Животинска фарма на Џорџ Орвел“ е моќна критика на едно тоталитаристичко општество. Како основа за драматизација е употребен романот „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел издаден во 1945 година, непосредно по Втората светска војна.

Главните ликови во романот се животни, чија сличност со конкретни политички ентитети е неизбежно конгурентна. Во претставата играат Бужаров Виктор, Ѓорѓиевски Ристе, Јанковска Матеа, Јовановиќ Жарко, Климоска Сара, Михајловски Хари, Набаков Дарко, Наковски Никола, Петровски Стефан, Поповиќ Долорес, Ристески Никола, Ристоска Тамара и Трпковска Мирјана.

Тимот на Кула учествуваше во изработка на сценографијата и костимографијата за претставата. Ова е прва соработка на уметничкиот колектив „Кула“ и Факултетот на драмски уметности, а воедно и прв групен ангажман на „Кула“ во областа на сценографија и костимографија.

Во пресрет на формата на самата претстава, предвидено е таа да се игра на алтернативни локации, чија сценографија беше специјално изработена за потребите на мобилност на реквизитите.