Како Ибица се претвори во клупски рај

Ибица е рај за љубителите на музиката и „клаберите“ многу години. Но, со можноста да угости љубители на било кој музички стил, лесно е да се заборави на богатата историја која ги покрива ѕидовите и плажите на островот. Како успеал овој мал Балеарски остров да стане музичка Мека?

Повеќето луѓе ја поврзуваат популарноста на Ибица со хипиците од 70-тите. Но, островот веќе бил преполн со туристи во 30-тите, 40-тите и 50-тите и раните 60-ти. Тогаш животот во бица бил боемски. Писатели, сликари и други уметници работеле и уживале во животот од магичниот бел остров, долго пред да пристигнат хипиците.

Вистинската изолација на Ибица од Шпанската граѓанска војна значела и дека патниците кои први дошле овде биле и повеќе од толерирани – биле навистина добредојдени. Во 60-тите Ибица доживеала расцут со „flower power“ револуцијата, кога големи групи слободоумни хипици од Европа дошле да го населат Балеарскиот остров, привлечени од опуштениот став, нерасипаната природна убавина и веројатно од одличната клима.

Седумдесетите се годините на вистинскиот туристички бум, кој продолжил сѐ до денес. Тогаш се отвориле и дискотеките, кои ја дефинираат историјата на островот до ден денес. „Рејвовите“ биле популарни во 80-тите, балеарскиот хаус се појавил во 90-тите, а денес еклектичен микс на музички стилови и луѓе ја прават Ибица масивна туристичка индустрија и едно од најфасцинантните места кои можат да се посетат.

Главните пионери на клупскиот живот на Ибица биле огромните клубови Amnesia и Pacha, кои се отвориле во 70-тите. Недолго потоа, Ku Club, сега познат како Privilege, се придружил на сцената. Повремено, репутацијата на клубовите се проширила и набргу станале модерни, привлекувајќи ги младите и познатите да го доживеат ноќниот живот на островот.

Amnesia бил првиот клуб на Ибица. Некаде во клубот сѐ уште се крие духот на величественaта куќа од 18-тиот век, која била трансформирана во 70-тите за да стане легендарен суперклуб. Во април 1970 година, семејствот Planells, кои ја населувале куќата низ пет генерации, решиле да се преселат во градот и да го продадат својот дом на вдовица со аристократско потекло. Млад човек со име Antonio Escohotado го изнајмил просторот за да се користи за „дискотека“. Сакал место каде луѓето би можеле да излегуваат ноќе и да заборават на своите проблеми, впуштајќи се во непознат свет далеку од рутината. Го нарекол Amnesia.

Првиот модерен клуб отворен на Ибица бил Pacha. Првата локација на Pacha се отворила во крајбрежниот шпански град Ситжес во 1967. Шест години подоцна, во 1973 за време на хипи движењето, Pacha пристигнал и на Ибица. Pacha веќе била растечка империја, со повеќе клубови низ земјата отворени од браќата Ricardo и Piti Urgell, кој бил и диџеј.

Трагите од хипи деновите на Ибица сѐ уште постојат кај локалците. Сепак, островот застранил на многу начини од боемските корени, кон екстравагантна Мека на техно забавите. „Диско демони“, познати личности и туристи гладни за забава доаѓаат во огромни бројки преку летото, претопувајќи се со неверојатната култура на забава на островот и печејќи се на неговиот топол песок. И покрај дивиот дух на Ибица, островот е безбедно место каде секој може да дојде и да се опушти.

Како што островот се развива и напредува и новите генерации ја движат Ибица нанапред, овој мал скапоцен камен се чини дека нема да ги заборави своите корени и наследство. Наследство кое и понатаму ја прави Ибица посебно место.

Извор: Ibiza Global Radio