Како Guy Fawkes стана лицето на постмодернистичкиот протест

Денес Британците од сите краеви на земјата ќе палат клади и ќе пукаат огномети за да ја одбележат егзекуцијата на Guy Fawkes, римокатолички терорист од 17-тиот век.

Во поново време, активистите го присвоија овој датум како ден за масовни протести. Anonymous, онлајн групата на хакери-активисти (hacktivists), ги охрабруваат сите да маршираат против нивите власти. Лондонската фракција на „маршот на милиони маски“ ќе започне пред двата дома на парламентот, а многумина од нив ќе носат маска со ликот на насмеаниот Guy Fawkes. Како тој стана лицето на постмодернистичкиот протест?

Во 1605 година Fawkes бил дел од група на римски католици кои ковале завера да го кренат во воздух Домот на лордови. „Заверата барут“ (The Gunpowder plot) имала за цел да се убие кралот James I, протестант, и наместо него на тронот да седне неговата деветгодишна ќерка, која ќе владее како римокатолички монарх.

Но, анонимно писмо во кое бил опишан планот за атентат било испратено до кралот. Fawkes бил фатен во подрумите на Домот на лордови со 36 буриња барут поставени во близина. Бил мачен, а заговорниците биле осудени за велепредавства во јануари 1606 година. Владата била особено строга при казнувањето на групата, со цел да спречи идни обиди за терористички напад. Традицијата на палење клади и фигури од Guy Fawkes започнала кратко после пропаднатиот обид за атентат, а учениците сé уште ја учат познатата рима „Remember, remember the fifth of November…“.

Во 1980 година, стрип артистите Alan Moore и David Lloyd го создадоа стрипот V for Vendetta, во кој главниот протагонист е анархист чие лице е покриено со маска на Guy Fawkes, кој се бори против фашистичкиот авторитарен режим во својата земја. Авторите со тоа сакале да го слават Guy Fawkes, претворајќи го во антихерој на модерното време.

Според стрипот беше снимен и филм во 2006 година, и иако се разликуваше од оригиналот во многу детаљи, маската на V беше веродостојна на познатата слика од стрипот.

Пластичните маски кои станаа популарни после филмот беа дистрибуирани до фановите и можеа да се купат на интернет. Две години подоцна, во јануари 2008 година, Anonymous го започнаа нивниот Project Chanology – координиран напад на веб страницата на Сциентолошката црква, која ја обвинија дека цензурура информации. Правилото 17 од кодексот на однесување на Anonymous почна да кружи меѓу протестантите пред „првата вистинска јавна демонстрација“ на 10-ти февруари 2008, гласи: „Покријте си го лицето. Ова ќе ја спречи вашата идентификација на видеа снимени од непријателите“.  За оние кои одлучиле да носат маски, одлуката била едноставна: се зема инспирација од последната сцена на филмот, во која толпа луѓе со ликот на Guy Fawkes гледаат како експлодираат двата дома на Парламентот. Така Anonymous ја добија V for Vendetta покривката која ја бараа.

Со оглед на тоа што истата маска беше позајмена од движењето Occupy и Julian Assange, основачот на Wikkileaks, маската стана уште пополуларна. Стана редовен симбол на многу протести. Lloyd ја нарече маската „удобен плакат кој може да се користи во знак на протест против тиранијата… Се чини сосема уникатно што икона на поп културата се користи на ваков начин“.

Иако официјалните маски од филмот се сé уште достапни онлајн, повеќето демонстранти ги печатат или сликаат своите маски. А од 1485 годиина до ден денес, единицата Yeomen на гардата, телохранителите на англискиот монарх, го пребарува подрумот под Вестминстерската палата пред секое отворање на Парламентот. Духот на Fawkes продолжува да живее на многу начини.

Извор: Economist