Како функционира биткоинот – дигиталната валута на иднината?

Цената на биткоинот порасна на 900 долари минатата седмица. Пред само пред 10 месеци, дигиталната валута се продаваше за 13 долари.  Високата цена стана главна вест во светски рамки и натера многумина да се запрашаат: Што се тоа биткоини?

Како функционира биткоинот - дигиталната валута на иднината?

Ова е добро прашање, не само за тие кои имаат мало познавање од модерниот финансиски систем и интеракцијата на информатичките технологии, туку и за оние кои длабоко загазиле во економијата управувана од интернетот, наука која многу се промени во текот на последните 20 години.

Биткоинот е дигитална валута, што значи овие пари се контролирани и се чуваат исклучиво во компјутерите преку интернет, но сега наоѓаат многу начини за да допрат до се поголем број луѓе и  бизниси низ светот. Сепак и економистите и интернет пионерите сеуште се збунети. Оттука, беше потребен едноставен водич за биткоинот, пишува wired.com.

Бткоинот не е само валута како доларот, еврото или јенот. Тоа е начин за плаќање, како PayPal или Visa credit card network. Дозволува да се чуваат парите, но и да се трошат, да се тргува со нив и да се носат од едно место на друго, слично и едноставно како испраќање мејл.

Како што се подвлекува и во медиумите, биткоин го овозможува ова без притоа да има потреба да се издаде идентитетот, феномен кој го поврза и со The Silk Road, онлајн маркет за илегални дроги. Сепак, биткоинот е систем кој функционира јавно. Сите трансакции се снимени онлајн и секој може да ги види, што пак носи одредена транспарентност на системот и доверба во дигиталната валута.

Така , биткоин е многу повеќе од систем кој обезбедува пари за илегални плаќања. Тој ги редизајнира меѓународните финансии со тоа што ги руши границите меѓу државите и ја ослободува валутата од влијанието на владите. Контролиран е од отворен софтвер кој работи врз основа на математички принципи и од луѓето кои заеднички го надгледуваат софтверот. Софтверот го водат илјадниците компјутеруи низ целиот свет, но тоа може да се промени . Тоа ќе се случи само ако мнозинството од оние што го надгледуваат софтверот ќе се согласат на промени.

На кратко, биткоин е нешто како интернет – но за пари.

Како функционира биткоинот - дигиталната валута на иднината?Пред пет години , користејќи го псевдонимот Сатоши Накамато, анонимен компјутерски програмер или група програмери го создаваат Bitcoin – софтверскиот систем и го пуштаат на интернет. Беше дизајниран за да работи преку голема мрежа на машини, па секој што сака да може да управува со една од овие машини.

Овој дистрибуиран софтвер кој е носител на новата валута, создава мал број биткоини. Во суштина, тие се само дигитални долги адреси кои се чуваат онлајн во т.н  „blockchain “. Но, системот исто така е дизајниран валутата полека да се прошири така што луѓето ќе бидат охрабрени да работат како „биткоин рудари“ и да го одржуваат растењето на самиот систем.

Кога системот создава нови биткоини, им ги дава на рударите. Тие пак ги следат сите трансакции со биткоин, ги додаваат во  т.н  „blockchain “ места, а во замена за таа работа,  ја добиваат привилегијата да се наградат себе со неколку екстра биткоини.

Зошто овие биткоини имаат вредност ? Тоа е прилично едноставно. Тие еволуираа во нешто што многу луѓе ги сакаат – во валута како еден долар или јен, но и за нив има ограничена понуда. Иако системот продолжува да вади нови биткоини,  ова ќе престане кога ќе достигне бројка од 21 милиони ,  што пак треба да се случи околу 2140 година.

Идејата беше да се создаде валута чија вредност не може да се уредува од страна на централната власт , како што се Федералните резерви.

Дополнително објаснување за тоа што е биткоинот има и во видеото подолу: