Како Џорџ Мајкл стана една од најпознатите ЛГБТ фигури во светот

Џорџ Мајкл, кој почина вчера на 53-годишна возраст, освен со својата музичка кариера, остави белег и како една од првите и најпознатите личности која отворено призна дека е геј во 90-тите. Оттогаш, Мајкл беше гласот на ЛГБТ заедницата  и значаен активист за геј права.

Поранешниот член на групата Wham, кој почина од срцев удар на Божиќ, голем дел од своите песни ги има напишано како манифест за неговата сексуалност.

Призна дека е хомосексуалец после неговото апсење во април 1998 поради „недоличен чин“ пред полицаец во цивилка во Беверли Хилс.

Беше казнет со парична казна од 500 фунти и 80 часа служба во корист на заедницата за инцидентот.

Подоцна изјави дека никогаш немал морален проблем со тоа што е геј.

„Мислев дека сум се вљубил во жена неколку пати. Потоа се заљубив во маж, и сфатив дека ништо претходно не било љубов“.

Во интервју зборуваше дека кон крајот на втората деценија од неговиот живот поминувал низ многу депресивно време, откако го изгубил својот партер, дизајнерот Анселмо Фелепа, поради ХИВ.

„Ја започнав својата прва врска на 27 години бидејќи ми требаше време да ја сфатам својата сексуалност додека не наполнив 24“.

„Мојот партнер почина од ХИВ и ми требаа три години да тагувам, а потоа ја изгубив и мајка ми. Се чувствував како да сум проколнат“, изјавил тогаш Мајкл.

Објави документарец за ХИВ на Светскиот ден за борба против СИДА годината кога прогласи дека е геј.

Филмот именуван Staying Alive се фокусира на искуствата на шест млади луѓе од различни земји, кои биле или инфицирани или на некој начин поврзани со ХИВ вирусот.

Беше и донатор на ХИВ хуманитарната организација Трустот на Теренс Хигинс.

Хуманитарната организација Стоунвол на Твитер објави: „Почивај во мир Џорџ Мајкл. Инспираше многумина и твојата музика ќе живее во срцата на нашата заедница. Многу ќе ни недостигаш“.