„Како до еколошки дом, основи и практична градба“ – работилница на 6 јуни

Организацијата „Еколошко село – Зелено Блаженство“ на 6 јуни организира нова работилница.

„Доколку сакате да поминете еколошки викенд и да научите за еколошка градба – повелете.  Организираме работилница за еколошка градба, основни работи кои ви се потребни да почнете со изградба на еколошкиот дом“, велат од организацијата.

Работилницата ќе биде насочена за одбирање на локацијата, правење на темелите и се’ што е поврзано со изградбата.

За тие што ќе сакаат да останат е обезбедено спиење, храната е на база на делење, односно што има – тоа се јаде заеднички.

„Групата е ограничена поради состојбата! Куќниот ред е без месо, алкохол, дрога, пцовки!“, се вели во најавата за работилницата.

Повеќе информации ТУКА.