Како да „исчезнеш“ од авенијата „Среќа“ во Пекинг

Во  едно раздвижено понеделничко попладне во доцен октомври, група од луѓе во светлечки елеци застанале на авенијата „Среќа“ во Пекинг.

Движејќи се споро и внимателно по улицата, некои поднаведнати, некои со спуштени глави, а некои потполно навалени, луѓето брзо го привлекле вниманието на другите минувачи, кои ги фотографирале.

Групата изведувала перформанс според идејата на уметникот Денг Џуфенг, кој се обидел да покаже колку е тешко да се избегнат камерите во главниот град на Кина.

Додека властите и компаниите ширум светот ги зголемуваат своите инвестиции во мрежи за обезбедување, се очекува да се инсталираат над стотици милиони камери во 2021 – а најголем дел од нив во Кина, велат индустриските аналитичари од „ИХС Маркит“.


Во 2018 година, веќе имало поставено над 200 милиони камери за надзор во Кина.

Според „Wall Street Journal“, за време на 2021 година овој број се очекува да достигне 560 милиони, што би значело 1 камера на 2.4 жители.

Ставот на Кина е дека камерите штитат од криминал.

Според Канцеларијата на ОН за дроги и криминал, во 2018 година, бројот на жртви на убиство со умисла по глава на жител во Кина било 10 пати помало од САД.

Но зголемен број на кинески граѓани и жители почнуваат да се запрашуваат за ефектот кој камерите го имаат врз нивната приватност.

Тие се прашуваат и што ќе се случи доколку нивните податоци протечат и се компромитираат.

„Собрани волонтери“

Многу ретко кинеските граѓани се одлучуваат да протестираат против надзорот од страна на власта.

И секако, тоа не е без ризик.

Но, креативните лица како Денг смислуваат иновативни начини да го зголемат интересот на јавноста за оваа тема.

Пред да се случи перформансот, Денг ја измерил должината и ширината на авенијата „Среќа“ со ленијар.
Потоа, ги снимил брендовите на 89 поставени камери и ги мапирал нивните дистрибуции и опсези.

Најпосле, собрал волонтери онлајн.

На волонтерите им требало нешто повеќе од еден час да ја испешачат авенијата „Среќа“, долга 1.1 километар.

Активистите успеале да ги скријат своите лица од камерите, но Денг дополнил дека е скоро невозможно комплетно да се избегнат камерите.

„Беше потешко од што очекував. Мислев дека се поставени само неколку камери, кои лесно се избегнуваат со поднаведнување. Но, испадна дека тоа воопшто не е така. Камерите беа поставени насекаде и беше невозможно да се избегнат“, изјавила волонтерката Џојс Ге, која има 19 години.

Црн пазар

Ова не е прв перформас на Денг  насочен кон поттикнување на јавниот интерес за приватноста и дигиталната безбедност.

Пред две години, поранешниот скулптор купил лични податоци на повеќе од 300.000 жители низ земјата од онлајн црн маркет. Потоа, ги изложил податоците во музеј во Вухан.

Полицијата ја згаснала изложбата два дена откако се отворила.

Откако се преселил во Пекинг оваа година, Денг забележал дека се зголемува бројот на камери пред неговата зграда, но и низ градот.

„Овие камери ја претставуваат моќта на властите и нивното навлегување во приватните животи на граѓаните“, изјавил тој.

Повеќето од граѓаните се веќе навикнати на уличните камери.

„Но, јас потсвесно, сѐ уште обрнувам внимание. Кога ме снимаат многу камери се обидувам да ги одбегнам. Тоа е потсвесен рефлекс, чувство на конфликт, иако не правам ништо нелегално“, изјавил Денг.

Ден ја поделил авенијата на пет дела. Првиот дел немал камери, третиот дел имал камери само напред и позади, а петиот дел имал камери на сите страни.

“Еден од најтешките реони бил паркинг близу до голема компанија, каде имало и по пет камери кои снимаат во еден правец. Исто така, човек не може лесно да победи камера со опција за ротирање.

„Понекогаш останував на едно место по 1 до 2 часа за да забележам колку често камерите се ротираа“, рекол Денг.

Кога имало камера на една страна, на нив им било сугерирано да одат странично, како ракови. За да се одбегне високо поставена камера грушата на онлајн активисти требало да се скријат зад еден од ѕидовите.

Во деловите со многу камери, биле потребни и реквизити – за затскривање биле користени реклами, билборди и моментално паркирани полициски возила.

Но и покрај внимателното планирање, сѐ уште имало шок кога волонтерите почнале да се движат по авенијата.

„На половина од патот забележавме дека се додадени неколку нови камери. Тоа ме збуни бидејќи не поминаа повеќе од десетина часови од последната проверка. Но, успеавме да импровизираме и одново ја испланиравме рутата“, изјавил Денг.

Кинеските медиуми велат дека повеќето надзорни камери се дел од проектот на властите – „СкајНет“.

Минатата година, „Њујорк Тајмс“ извести дека препознавањето на лицата на луѓето е дозволено и кинеската полиција може да го поврзе лицето на камерата со многу други податоци како регистарски таблички, телефонски броеви и профили на социјалните мрежи.

Критичарите велат дека властите имаат воспоставено комплетен надзор за да ги мониторираат граѓаните и да ги запрат протестите. Во 2018 година, кинеската полиција користела препознавање по цртите на лицето за да фати над 60 осомничени на концерт на поп-пејачката Џеки Чанг.

Но, не сите кинески граѓани се противат на надзорот на властите.

Џојс Ге изјавила дека нејзините соученици не биле импресионирани од нејзиното учество во експериментот.

„Тие велат дека е природно јавноста да се откаже од дел слободи и права во име на власта, бидејќи таа е одговорна за јавната безбедност“, рекла Ге.

Друга учесничка во експериментот на Денг, Кака – што не е нејзино вистинко име, била загрижена за безбедноста на податоците.

Кака, која работи во маркетинг индустријата, верува некоја информациите за нејзиниот идентитет биле компромитирани. Кака со неа ја понела нејзината петгодишна ќерка, најмладиот учесник во експериментот.

„Кога најпосле ја испешачивме улицата, ќерка ми ми рече со мала победа – мамо ги победивме камерите“, нагласила Кака.

Извор: BBC