Кајли Миног одлучи да не се мажи во знак на протест за права на хомосексуалците

Австралиската пејачка одлучила да не се омажи сѐ додека и хомосексуалците во нејзината родна земја не го добијат истото право.

Кајли Миног се приклучи на голем број мажи и жени кои одбиваат да стапат во брак, во знак на протест за еднакви права за истополовите парови.

Миног, која е меѓу најпознатите жители на Австралија, ја најави веридбата со британскиот актер Џошуа Сас во февруари. Но Сас, кој има 28 години, објави дека 48-годишната пејачка одбива да стапи во брак со него сѐ додека сите жители на нејзината држава не го имаат истото право.

Сас, кој бил одгледан како христијанин, за медиумите изјавил дека бил „вчудовиден“ кога дознал дека хомосексуалните бракови се сѐ уште нелегални во Австралија.

„Не можам да разберам од ниедна причина, без разлика дали е морална или религиозна, што имам право да стапам во брак со личноста која ја сакам, но некој друг не смее поради својата сексуална ориентација“, вели актерот.

„Мислам дека е многу значајно да се видат другите нации кои поминале преку тој процес и да се види исходот од тоа. Единствено што тоа промовира е љубов и еднаквост. Зарем веќе нема доволно омраза и нетолерантност во светот?“, додава.