Кајак.мк и „ChillОut“: четири пластични шишиња со отпушоци собрани од Стара река на Кожуф

По повод Светскиот ден на туризмот, туристичкиот сервер „Кајак.мк“ и акустичното дуо „ChillOut“  исчисти подножјето на Кожуф, односно на Стара река.

Еко акцијата како што велат организаторите, има цел да испрати порака дека туристичката индустрија не е таа која треба да го загадува светот, а на акцијата биле собрани една вреќа отпадоци и скоро четири пластични шишиња со отпушоци од цигари биле собрани од само 30 метри квадратни.

Кајак.мк преку својот еколошки концепт промовира неоткриени места во Македонија и надвор од неа, а во соработка со бендот „ChillOut“, спроведуваат и кампања наречена „Со музика низ Македонија“, преку која на различни места од државата изведуваат акустична преработка на македонска музика.

„Огромна вреќа и четири мали шишиња полни со остатоци од цигари беа собрани од само 30 метри квадратни на атрактивното излетничко место на југот од државата. Туристичкиот сервер Кајак.мк од самото постоење има една цел, а тоа е да ја пробуди еколошката свест кај граѓаните. Да им каже дека доаѓа нова ера на туризмот и дека треба да градиме свет кој ќе биде добро место за живеење за нашите идни генерации“, велат организаторите.

Од бендот се задоволони дека местата кои ги промовираат преку музика на крај на денот завршуваат чисти.

„Нас не ни претставува проблем сами да го исчистиме местото. Проблемот е во прашањето, зошто ова место е вакво“, велат од „ChillOut“.