Hugs + Mugs е кафуле во Илиноис кое е единствено во светот, бидејќи го водат исклучиво возрасни со Даунов синдром.
Локалот е отворен во 2014 година и е комбинација од продавница за кафе за носење и студио за дизајн на суверници и подароци, кои ги продаваат таму и на интернет.
Дејв Лузвик, директор агенција за вработување на лица со попреченост, GiGi’s Playhouse Hoffman Estates, вели: „Мислиме дека ова е една од најдобро чуваните тајни во предградијата во северозападот“. Кафулето служи и сладолед, милкшејкови и смутија.
Агенцијата е всушност тренинг центар кој обезбедува „ресурси, специјализирани предавања и поддршка на лица со Даунов синдром, нивните семејства и за заедницата“.
Нудат и комбинација на терапевтси и образовни програми кои се сосема бесплатни.
Луѓето почнуваат со 12-неделни сесии во агенцијата, каде учат повеќе предмети, како математика, писменост и јавно говорење.
Откако ќе ја завршат програмата, учениците започнуваат 18-неделна пракса во кафулето, што служи како транзициски период во кој се подготвуваат да најдат работа.