Кафе кино во Сули ан: Проекција на „Духовите на Исмаел“ и „Заштитник“

Викендов во Сули ан ќе се проектираат филмовите „Духовите на Исмаел“ и „Заштитник“.

„Духовите на Исмаел“ е канадско-француски романтичен трилер кој публиката ќе може да го види вечерва (14 јули) во 21 часот на Факултет за ликовни уметности, Сули ан , а во рамки на „Скопско лето“.

Филмот, во режија на Арно Десплешин, го прикажува животот на еден филмаџија, кој се комплицира со враќањето на неговата поранешна љубов, во моментот кога тој почнува со снимање на нов филм. Улогите ги толкуваат Метју Амалрик, Марион Котијар, Шарлот Геинсбург.

Утре (15 јули), на истата локација и во истото време ќе се проектира францускиот акциски крими-трилер „Заштитник“ на Жан-Франсоа Рише.

Во филмот, во кој улогите ги толкуваат Мел Гибсон, Ерин Моријарти, Диего Луна, таткото, поранешен затвореник повторно се среќава со 17-годишната ќерка за да ја заштити од дилерите на дрога кои се обидуваат да ја убијат.