Кафе кино: „Сонот на Катрина“ и „Двојна неволја-магичното огледало“ викендов во Сули ан

Викендов во рамките на програмата на „Кафе кино“ во Сули ан ќе се прикажуваат филмовите „Сонот на Катрина“ и „Двојна неволја-магичното огледало“.

Швајцарско-италијанската романтична драма „Сонот на Катрина“ (Кatrina’s dream) од 2018 година ќе може да се види утревечер (25 jули) во 21 часот.

Филмот е во режија на Дарио и Мирко Бишофбергер, а улогите ги толкуваат Дања Лиценбергер-Винет, Симон Естебан, Адријан Фурер. Ова остварување има награда за најдобра камера на Фестивалот за независен филм во Даблин. „Катрина посакува да има деца, но нејзиниот сопруг починува во фатална сообраќајна несреќа. Благодарение на трансплантацијата на главата тој се враќа како друго лице. Катрина, за да го исполни својот сон, сега мора да се справи со телото и умот на двајца мажи…“

Филмот што ќе може да се проследи во недела (26 јули), во истиот термин е „Двојна неволја-магичното огледало“ (Unheimlich perfekte freunde).

Се работи за семејна комедија во режија на Маркус Х. Розенмилер. Улогите ги толкуваат Луис Форбах, Јона Генслен, Маргарита Бројх. „Децата користат магично огледало за да создадат копии од себе и да ги одложат секојдневните обврски и одговорности…“ Филмот е номиниран за најдобар детски филм на Џифони филмскиот фестивал.