„Кафе и кромид“ на отворено на 30 мај

„Котур“ и „МакеДокс“ на 30 мај под отворено ќе ја организираат четвртата дружба наречена „Кафе и кромид“.

Ќе биде проектиран филмот на режија на Петра Селишкар – „Мојот превртен свет“, во продукција на „Petra Pan Film Production“.

Се работи за копродукција од Македонија, Словенија и Хрватска.

Направен за да покаже колку е тешко и чисто создавањето уметност, овој музички документарец ги комбинира песните на Јежек испеани во живо од некои од најголемите алтернативни музичари со неговите неверојатни архивски материјали од 60-тите до 80-тите години на минатиот век.

„Јежек е легендарен словенечки глумец, безвременски автор, неповторлив изведувач; имал публика дури и како затвореник! Поет кој секогаш живеел на работ, а пред сè, мајстор за песни. Сиромав како црковен глушец, како и повеќето уметници од негов калибар, Јежек ги користел иронијата и комедијата за да гребе по површината на реалноста, бидувајќи секогаш на страната на ‘малиот човек’“, стои во најавата за филмот.

Од „Котур“ и „МакеДокс“ најавуваат дека со купена пијачка посетителите добиваат билет за проекцијата.