Каде исчезнуваат паркинг местата за лица со инвалидитет и родители со мали деца во Скопје?!

Има многу автомобили во Скопје или нема доволно паркинг места? Ова прашање проникнува од здраворазумското согледување на состојбата со паркинзите низ урбаните средини во Скопје. Секое утро, граѓаните на општина Центар, Карпош, Кисела Вода го почнуваат со дилемата дали денеска ќе најдат паркинг простор. Додека локалните власти во своите предизборни програми, нудат различни решенија за паркинг местата, со децении состојбата со окупирани тротоари, пешачки зони и велосипедски патеки е секојдневна глетка.

Паркинг места за лица со инвалидитет

Согласно законските регулативи секој јавен паркинг треба да означи неколку паркинг места за лица со попреченост. Согласно прописите на ЈП „Градски паркинг“ на град Скопје поволности за паркирање имаат  лицата со попреченост со утврдена дијагноза односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во фондот на ПИОМ, слепи лица со оштетување на видот над 90 %.

Фото извор: ©Радио МОФ

Правото на бесплатен паркинг, лицата со пропреченост го остваруваат со бесплатна картичка за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието, стои во соопштението на општина Карпош.

Правото на бесплатен паркинг за лицата со попреченост не е регулирано на државно ниво со посебен национален закон. Лицата со попреченост можат да користат придобивки доколку тие се утврдени на локално ниво, за таа цел се издаваат најчесто налепници на возилата или картички за бесплатен паркинг. Но, граѓаните тврдат дека паркинг местата за лицата со инвалидитет често се злоупотребуваат, на начин што на веќе обележано паркинг место за лица со попреченост се паркираат и останати возила, или обележјата се целосно избледени поради што лицата со попреченост не можат да го спознаат местото кое е превидено за паркирање на нивните возила.

Паркинг места за напојување на електрични возила 

Низ Скопје можат да се најдат поголем број на места определени за електрично напојување на возила. Дел од нив се наоѓаат на јавни паркинзи или места кои се предвидени за паркирање.

Фото извор: ©Радио МОФ

Јавни паркинг места со EV полначи во Скопје

  •  Sky Parking – Аеродром (бул. Јане Сандански)

На паркингот на „Sky Parking“ во Аеродром се поставени три електрични полначи за електрични возила, достапни за сите возачи.

  • Паркинг пред Зоолошка градина

Во паркинг-просторот пред Зоолошката градина во Скопје има поставени полначи за EV како дел од јавната инфраструктура за електромобили.

  • Паркинг места на јавни локации – EVN мрежа

Според податоците за мрежата на EVN, полначи се поставени на повеќе централни јавни локации/јавни паркинзи низ градот како дел од проектот за електрична мобилност.

  •  Улични/јавни EV полначи – пример: Mark Tven (Ѓороче Петров)

Иако не е голем „паркинг“ комплекс, на Mark Tven во општина Гроче Петров постои јавен полнач за електрични возила на улица/јавно паркинг ниво (street level).

Зони за паркирање на такси возила

Во одредени паркинг зони постојат и места определени за такси стојалишта. Такси станиците во голем процент се дел од јавните површини, а понекогаш опфаќаат и дел од јавните градски паркинзи.

Фото извор: ©Радио МОФ

Скопје – град во кој не се наоѓаат паркинг места за родители со мали деца 

Иако во европските метрополи често можете да сретнете место резервирано со родители кои се со мали деца и тоа место е означено со симбол на количка, во Скопје таков пример скоро и да не се среќава. Паркинг местата за родители со мали деца, се определени за родителите со бебиња да можат да ја извадат безбедно количката, транспортерот или други средства потребни за транспорт на бебињата и малите деца.

На тој начин локалните власти водат сметка за безбедноста на малите дечиња, а на родителите им овозможуваат повеќе простор, сигурност и брзо доаѓање до папркинг место. Овие паркинг места низ европските метрополни главно се лоцираат околу здравствените центри, аптеките или други итни случаи во кои би требало да се даде предност на родителите со мали деца.

Фото извор: Unsplash.com

Јавно достапна информација за паркинг места резервирани за родители со мали деца, има само за Катната гаража „Беко“. Гаражата е со капацитет од вкупно 605 паркинг места за возила, вклучувајќи 16 паркинг местата за лицата со попреченост и 3 паркинг места за родители со мали деца.