Јужноафрикански национален парк ќе убива животни поради сериозната суша и глад

Ренџерите во најголемиот национален парк во Јужна Африка, каде многу животински видови живеат во својот природен хабитат, ќе убијат 350 нилски коњи и биволи со цел да им се намалат страдањата поради сушата која го зафати регионот.

Управителите на националниот парк велат дека бројот на нилски коњи и биволи во Кругер, се околу 8000 и 47000, што е најголем број досега.

Исак Фалаа, портпарол за Јужноафриканските национални паркови, вели дека сушата предизвикала дефицит на храна за животните, иако има доволно вода за пиење.

Јужноафриканската суша се смета дека е најлоша во последните 35 години. Рестрикции на вода се воведени во поголемите градови во Јужна Африка, а милиони луѓе од соседните земји се исто така под ризик од недостаток на храна.

„Ова не е покољ. Ова е очаен избор. Ова е менаџерска алатка и сакаме да разбереме какво влијание ќе има. Целта ни е да имаме самоодржливо користење на ресурсите и популацијата на животни“, вели Фалаа.

Суша во раните 90-ти го намали населението на биволи во Кругер речиси на половина – околу 14000, но популацијата повторно се врати во нормален број. Населението на нилски коњи било намалено на 2000, но оттогаш е зголемено за четири пати.