Во Јужна Кореја следната година ќе почне со работа нова кабелска телевизија, која ќе биде специјализирана за програми наменети за Северна Кореја.
Како што јави агенцијата Јонхап, телевизијата ќе пренесува теми поврзани со севернокорејското општество, култура, туризам и исхрана, а ќе емитува и програми посветени на обединувањето на двете Кореи.
За таа цел веќе е формиран тим задолжен за подготовка на телевизијата, предводен од американскиот новинар со корејско потекло Џин Чеон-гу, а како негови советници најавени се поранешниот министер за обединување и директорот на разузнувачките служби.