Јужна Африка пак забранува продажба на алкохол во борба против Ковид-19

Јужна Африка воведе нови ограничувања, вклучително и повторна забрана за продажба на алкохол, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Се воведува и ноќен полициски час, а носењето маски на отворено станува задолжително, пренесува БиБиСи.

Претседателот Кирил Рамафоса рече дека забраната за алкохол, по втор пат во Јужна Африка годинава, ќе го намали притисокот врз националниот здравствен систем.

Ваквите мерки се воведуваат откако вкупниот број заразени надмин четвртина милион.

Смртните случаи како резултат на коронавирусот се искачиле на повеќе од 4.000, а владините проекции проценуваат дека би можеле да пораснат и до 50.000 до крајот на годината.

Јужна Африка, во која живеат околу 59 милиони жители, останува најтешко погодената земја на континентот, а на почетокот на оваа недела забележа рекорден број новозаразени, на дневно ниво.

На јавно обраќање, Рамафоса призна дека „повеќето“ луѓе презеле акција за да помогнат во спречувањето на ширењето, но и дека сè уште имало такви кои дејствувале „без никаква одговорност да ги почитуваат и заштитат останатите“.