Компанијата „Алфабет Инк.“ во наредните неколку месеци ќе лансира услуга на Јутјуб која ќе нуди директен пренос на содржините на 40 водечки американски телевизиски мрежи и кабловска програма, најави извршната директорка на Јутјуб, Сузан Војцицки.
Новата услуга ќе се вика Јутјуб ТВ и ќе чини 35 долари месечно за шест кориснички профили, рече Војцицки. Јутјуб ќе вклучи и други медиумски компании што нудат послаби пакети.
„Нема сомнение дека миленијалците сакаат одлична ТВ содржина“, изјави извршната директорка на Јутјуб.
„Но, она што го видовме е дека тие не сакаат да ја гледаат во традиционален облик.”
Фејсбук претставува еден вид конкуренција со сличната опција преку Фејсбук Видео, која започна вчера на Епл ТВ. Апликацијата им овозможува на корисниците да ги видат видеата споделени од нивните пријатели или настани емитувани во живо.