„Југохромци“ во четврток повторно со протест ќе го блокираат патот Тетово – Скопје

Синдикалната организација „Југохром Алзар“ во четврток (2 март) организира нов протест против, како што велат, неоправданото исклучување на печките во „Јухогром“.

Протестотот на „југохромци“ ќе се одвива од 11 до 13 часот, при што ќе го блокираат регионалниот пат Тетово – Скопје кај наплатната рампа во Желино во двата правци.

За време на протестот повторно ќе бидат истакнати и синдикалните барања.

Тие досега бараа некакво решение за нивниот работнички статус, односно сметаа дека се изиграни од некои институции, кои сметаа задоцниле со издавањето на дозволи за изведба на филтрите, а потоа, како што рекоа, наредиле престанок со работа на печките. Синдикатот очекува помош од владиниот врв да се обезбеди сигурна егзистенција за работниците од комбинатот од Јегуновце.