Јубилејното издание на Стартап Викенд Скопје ќе се одржува онлајн, во тек е пријавување

Стартап Викенд Скопје годинава одбележува јубилеј. По 10-ти пат, ќе се одржи 54 часовен настан кој ги обединува претприемачите, иноваторите, стартап ентузијатите и креативците со цел за време на само еден викенд, тимски да направат победничко бизнис решение.

Традиционално настанот се одржува во живо, но поради моменталната ситуација, исто како и минатата година, настанот ќе се одржи онлајн за време на викендот 16-18 април. Учеството е бесплатно и може да се обезбеди карта ТУКА.

„Не треба да дозволиме пандемијата да го сопре развојот на нови бизнис решенија“, велат Тимот на Solveo, кои го организираат Стартап Викенд Скопје по 4-ти пат.

На настанот можат да учествуваат сите стартап ентузијасти од С. Македонија од комфорот на нивниот дом. Пријавување со идеја или без, настанот нуди големи придобивки за сите учесници, од дружење и развивање на комуникациските вештини, до стекнување контакти со искусни ментори, како и награди за победничкиот тим.

– велат организаторите од Тимот на Solveo, кои го организираат Стартап Викенд Скопје по 4-ти пат.

Повеќе информации се достапни на Facebook и веб страницата на настанот.