Јубилејното 10-то издание на „Здраво млади“ вечерва во паркот на МКЦ

Вечерва во паркот на МКЦ, со почеток во 18:30 часот ќе се одржи 10-тото издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“.

Својот јубилеј, фестивалот ќе ги одбележи со настапите на Efterklang, Funk Shui, Lalalar, PMG Kolektiv, DJ FITZ и изложбата на Сали Ертунч насловена „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“.

Билетите по цена од 500 денари се достапни online преку следниот ЛИНК.

Организаторите потсетуваат дека фестивалот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, така што од публиката се очекува да носи заштитна маска и пред влез ќе се мери температура.