Јубилејно десетто издание на Баскерфест

Караванот кој носи радост оваа година го прославува 10-от роденден и по повод јубилејот подготви одлична баскер програма надополнета со  музика, не само за скопјани туку и за цела Македонија.

Десеттото и јубилејно издание на Баскерфест годинава започнува на 12 јуни и ќе трае еден месец, при што освен во Скопје,  дел од баскер програмата ќе може да се види и низ повеќе градови во земјава.

баскерфест

Во Скопје официјалниот почеток е најавен на 12 јуни, а оваа манифестација во главниот град ќе трае до 21 јуни и традиционално ќе се одржува во центарот на градот.

За оваа година е најавено учество на околу 100 баскер изведувачи од целиот свет, секој од нив атрактивен на свој начин. Покрај уличните артисти, како и секоја година, тука се музичките настапи во Пивската градина. Жонглери, брејкденсери, одење по жица, куклен театар, перформанси со оган се само дел од она што не очекува.

Oд Скопје, Баскерфест ќе продолжи низ Македонија, а секој град барем на неколку денa ќе има можност да ја доживее магијата на уличната уметност.