Јубилеен 15-ти Job Fair: Можност за вмрежување на студентите и компаниите од ИТ секторот

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) го најавува петнаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2019, кој ќе се одвива во периодот 6-ти, 8-ми, 9-ти и 10-ти мај.

„Ни претставува големо задоволство да Ве поканиме да ни се придружите на нашето јубилејно издание на овој настан и неговото традиционално одржување во холот на техничките факултети при УКИМ каде што ќе ја имате шансата да ја почуствувате атмосферата на можности и идни остварувања. Job Fair не само што е најголемиот настан кој БЕСТ Скопје го организира, туку е и местото каде студентите можат да се информираат за сѐ она што го нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално работно место или пракса. Секоја година овој саем им овозможува на амбициозните студенти да се поврзат со компании од техничкиот и ИТ секторот“, велат од БЕСТ.

Тие додаваат дека покрај информираноста и вмрежувањто на студентите, Јоb Fair до денешен ден е причината за успешни кариери кои започнале со испраќање на CV до нивната база на податоци со која располагаат компаниите учеснички во текот на целата година.

Посетителите на овогодинешниот Job Fair може да очекуваат:

  • Да ги сретнете штандовите на компании како: MCA, Allocate Software, Netcetera, Altarо, и многу други.
  • Предавања од страна на компаниите, за што се заинтересирани и што точно можат да ви понудат. Дополнително се случуваат soft skills тренинзи, презентации, натпревари на кои ќе можат да учествуваат студентите избрани токму од компаниите.
  • Шанса да се запознаете лично со луѓето кои можеби ќе бидат ваши потенцијални соработници.
  • Поголема можност да ја пронајдете вашата идна пракса или работно место.
  • И многу други можности кои ќе ги откриете со самото ваше присуство.

За повеќе информации, сите заинтересирани можат да ја посетат официјалната веб страна на настанот: www.jobfair.org.mk.