ЈСП: Студентите и пензионерите да ја продолжат важноста на картичката за 2017 година

ЈСП „Скопје“ ги известува студентите и возрасната група на граѓани (жено до 62, мажи до 64 години) дека треба задолжително да ја продолжат важноста на билетите за 2017 година, до 31.12.2016 година.

„На тој начин ќе го искористат правото на бесплатен јавен превоз во Градот Скопје за 2017 година“, сооопштуваат од ЈСП.

Од таму напоменуваат дека од 1 јануари 2017 година, со Интегрираниот тарифен систем, електронските картички ќе можат да се користат и во возилата на приватните превозници.