ЈСП ја зголемува казната за возење без билет од 300 на 1000 денари

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ја зголемува висината на казнениот билет за оние патници во јавниот превоз кои ќе бидат затекнати од контролорите без карта. Од 300 денари, колку што изнесуваше казната до сега, патниците кои ќе бидат фатени без билет ќе треба да платат 1.000 денари, јавува Плусинфо.

ЈСП

Доколку дополнителниот билет не биде платен на самото место, патникот ќе мора износот од 1.000 денари да го плати на благајна или на трансакциска сметка на јавното претпријатие во рок од осум дена. Во случај да не го плати износот во предвидениот рок, ЈСП ќе иницира прекршочна постапака пред инспекцискиот орган на Град Скопје. Во тој случај граѓанинот ќе биде обврзан да плати глоба во износ од 50 евра.