ЈСП ги објави новите модели и цени на билетите од 1 јануари

Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ“ на својата интернет страница објави тарифен систем со нови цени на билетите, кој на сила ќе стапи од 1 јануари.

По силните реакции во јавноста откако беше предложено зголемување на цената на дневниот билет купен од возачот на автобусот на 60 денари, од ЈСП сепак појаснуваат дека засега нема да има поскапување и ваквуот билет за едно возење ќе чини 35 денари, како за во градот , така и за во приградските населби. Ноќниот билет и со новиот тарифник е непроменет и чини 40 денари. Истите билети пак платени со мобилен телефон ќе чинат 40 и 50 денари.

Она што е останува нејасно и го нема во објавата на ЈСП, е дали ќе остане цената од 30 денари за хартиениот билет за едно возење во градските средини, кој досега можеше да се купи од трафиките на ЈСП. Од ЈСП за Радио МОФ не знаеја да одговорат на ова прашање. Велат дека само директорот е запознаен со тоа, но дека е зафатен за да даде изјава.

Новина со тарифникот е и тоа што става временски рок за користење на билетот за десет возења, кој чини 250 денари за градски и 300 денари за приградски линии. Така од 1 јануари, наместо тој ќе мора да се искористи во рок од 15 дена, сметано од првото поништување.

Од 1 јануари ќе можат да се користат електронскиот временски билет од 90 минути и дневниот билет кои ќе чинат 60, осносно 120 денари. Цената на месечниот билет за студенти и ученици останува 1050 денари, или 600 денари за летните месеци.

Претходно, Владата најави дека од 2016 година студентите на државните факултети ќе можат секој ден бесплатно да се возат со јавниот превоз, како што тоа досега им беше овозможено на средношколците. Бесплатен превоз имаат и пензионерите во вторник, петок и за време на викендот.

Сите билети и нови тарифни модели може да се видат ТУКА.