ЈСП: Бесплатниот превоз почнува денеска, нема да се рефундираат веќе набавените билети

ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека согласно Одлуката на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претпријатието ќе ги превезува граѓаните бесплатно почнувајќи од денеска.

Ова мерка, велат од ЈСП, е од времен карактер и важи за сите лица кои имаат потреба од јавен превоз и истата ќе биде активна се до нејзино укинување од градоначалникот

„Мерката за бесплатен јавен превоз е воведена како последица на загаденоста на воздухот во Скопје и со истата се очекува намалување на користењето на леките возила. Напоменуваме дека од системски т.е. технички причини, ЈСП СКОПЈЕ нема да може да изврши рефундирање на средствата на веќе набавените времени билети, ниту пак пролонгирање на нивната важност“, велат од ЈСП.

Исто така, ја информираат јавноста дека од моментот на воведување на оваа мерка билетарниците на ЈСП ќе работат само со дежурните служби на следните локации:

JSP biletari