ЈП Водовод и канализација – Скопје: „Канализацискиот систем не е депонија“

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје апелираат до граѓаните да се однесуваат одговорно со отпадот. Оттаму велат дека често се сведоци на затната канализациска мрежа, а како причина за тоа го наведуваат неправилното одложен отпад од домаќинствата, градежен шут, кабаст отпад и други предмети.

„Канализацискиот систем не е депонија. При неодговорно и несовесно одлагање на отпад во системот за одведување на урбани отпадни води, се нарушува  неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина“, велат од претпријатието.

Оттаму истакнуваат дека одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на животната средина од загадување.

„Затоа „Биди одговорен, однесувај се совесно“, заштити го канализацискиот систем, здравјето  и животната средина. Правилно одложувај го отпадот – селектирај го за да се рециклира и реупотреби. Доколку си далеку од контејнерите за селектиран стаклен отпад, повикај го тимот на Пакомак на 072 26 66 26. Сортирај го кабастиот отпад и за негово отстранување повикај ги општинските служби или екипите на ЈП Комунална хигиена на 0800 222 33“, апелираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Тие ги повикуваат граѓаните да пријавуваат див водоводен приклучок и злоупотреба на канализацискиот систем на: