Јоргос Арванитис е вториот добитник на „Златна Камера 300“ на „Браќа Манаки“

Француско-грчкиот филмски уметник Јоргос Арванитис е вториот добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело што ја доделува Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Ова денеска го соопштија на прес-конференција директорката на фестивалот Гена Теодосиевска заедно со уметничкиот директор Благој Куновски.

„ Со својот удел во повеќе од стотина филмови низ Европа, тој е еден од најважните европски филсмки директори на сите времињa“, велат од фестивалот.

Годинава „Браќа Манаки“ ќе се одржи по јубилеен, 40-ти пат, во Битола. На него традиционално ќе бидат доделени наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300. Покрај Арванитис, највисоката награда на овогодинешниот фестивал ја доби и Ед Лакман, кинематограферот на „Керол“ и „Ерин Брокович“.

„Не треба да се акцентира дека Арванитис е големо име кое ја прослави својата уметност низ целиот свет. Неговите филмови постојано се прикажуваат на големите филмски фестивали, а за своето дело „Вечност и еден ден“ во 1998 година ја доби и највисоката награда „Златна Палма“ на Канскиот филмски фестивал“, рече директорката Теодосиевска.

На конференцијата присуствуваше и советникот во грчката амбасада кај нас, Констатинос Прукакис. Тој посочи дека филмската уметност е клучна за продолжување на добрите односи помеѓу двеte соседни држави.

„Браќа Манаки“ е еден од најважните и најпознатите филмски фестивали. Наградата на еден режисер со грчко потекло на овој фестивал е од исклучително значење.“, подвлече тој.

Фестивалот ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола каде ќе бидат прикажани филмови од повеќе категории и ќе бидат доделени наградите на најдобрите режисери.

Георги Божиновски