Јохан Јохансон доби постхумна награда за најдобар филмски композитор на годината

Исландскиот композитор Јохан Јохансон доби награда за Најдобар филмски композитор втора година по ред, но оваа година постхумно за саундтракот на „Mandy“, „Mary Magdalene“ (ко-композитор со Хилдур Гуднадотир) и „The Mercy“.

Неговиот протеже Гуднадотир ја прими наградата во името на Јохансон, откако реномиранот композитор почина во февруари на 48-годишна возраст во Берлин. Јохансон правеше музика за ТВ, филм, театар и танцувачки перформанси, стилски поврзуваше традиционална оркестрација со современи електронски елементи, а претходно беше добитник на „Златен глобус“ за музиката на „The theory of everything“. За истиот филм и за „Sicario“ доби и номинација за „Оскар“.

Наградата за најдобар телевизиски композитор на годината ја доби Рамин Џавади за музиката во сериите „Game of thrones“, „The Strain“ и „Westworld“.

Признанието за најдобра песна напишана директно за филм отиде кај „Black Panther“, односно кај Кендрик Ламар, Кевин Гомрингер, Тим Гомрингер, Солама И. Роув (алијас SZA), Мет Счефер, Марк Ентони Спирс и Ентони Тифит.

Откритие на годината е композиторот на „Мudbound“ Тамар-кали, за која ова беше прв изработен саундтрак. Таа е најавена како настапувач на сцена на идните 19. Светски саундтрак награди во 2019 година.

За овогодишната церемонија на наградите, Бриселската филмхармонија изведуваше композиција под палката на Дирк Бросе, придружуван со филмски фрагменти на голем екран.