Јелена Топиќ со видео го објаснува својот перформанс со молчење

Девојката од Приједор, Јелена Топиќ која еден месец го привлекуваше вниманието на медиумите и јавноста стоејќи и молчејќи неподвижно на плоштадот во Приједор, Република Српска од 10 до 13 часот секој ден, преку видео се обрати на љубопитните граѓани и го објасни нејзиниот перформанс.

Топиќ го привлече вниманието на јавноста со протестот со молк, во кој таа одбиваше да комуницира со медиумите или минувачите.

Понекогаш во протестот и се придружуваа и минувачите, во една прилика и на главата имаше картонска кутија, а понекогаш со себе носеше транспарент на кој пишуваше дека таа гласно молчи или дека никој не би ја чул и ако проговори.