Јазикот е наше богатство – настан посветен на словенските јазици во среда

На 17-ти декември (среда), со почеток од 18:30 часот, студентите при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од отсекот славистика, организираат вечер на словенските јазици. Настанот ќе се одржи во големиот амфитеатар на факултетот.

Целта според студентите е преку едукативно-поетско-музички настан да се претстави оваа култура. Притоа, присутните ќе можат да дегустираат и традиционална храна од славистичките држави.