Јавно предавање на студенти биолози за основите на биодизајнот

Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), организира јавно предавање на тема: ,,Човекот не го измислил тркалото-принципи на биодизајн”. Јавнотото предавање ќе се одржи во четврток (10 март) во клубот ГЕМ во Старата скопска чаршија. Настанот почнува во 18:30 часот, а влезот е бесплатен.

На предавањето ќе се презентираат информации околу основите на биодизајнот, неговите концепти и принципи. Ќе се разговара околу начинот на кои се формираат биолошките форми во природата и нивната заедничка основа. На предавањето преку компарации со фотографии и видеа ќе се согледуваат сличностите помеѓу човековите механизми и пронајдоци и нивните пандани помеѓу живиот свет. Ќе се даде еволутивен одговор на прашањето кој го измисли тркалото.

Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) е младинска истражувачка организација која се занимава со едукација на студентите и членовите во областа на биологијата како и истражување и изучување на биодиверзитетот на Македонија. Ова е вторпат да организираат јавно предавање како дел од нивната програма за едукацијата на општата јавност во областите на биодиверзитет и заштитата на животната средина.