Јавно предавање и дискусија: Surveillance 101

Младински образовен форум и ХакЛаб Кика организираат целодневен настан со јавно предавање и дискусија за надзорот и граѓанската приватност „Surveillance 101“. Настанот ќе се одржи во амфитеатар 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје, во недела на 7 јуни.

Целта на настанот е да понуди основно теоретско знаење од областа, но и начин како истото да се примени во дебата.

Како теми кои ќе бидат дискутирани се правната рамка за надзор во Македонија; Светски искуства за случаи со надзор/државна злоупотра и нивна разрешница; Како изгледа кога МВР ќе влезе во телекомуникациски оператор;  Колку е лесно да се следат комуникации; Анализа на тези на тема државен надзор.

Почетокот на „Surveillance 101“ е најавен во 12:00 часот, а ќе трае до 18:00 часот.

„Колку си сигурен во твојата приватност?“, прашуваат од МОФ и ХакЛаб Кика.