Јавниот превоз во Белград има куче-маскота

Симпатичното жолто улично куче, кое „обожавателите“ го викаат Жуќа (Жолтко), деновиве е во центарот на вниманието во Белград. На интернет-страниците на друштвата за заштита на животните се почесто се појавуваат фотографии на кучето, кое секој ден се вози со автобусите на белградското Градско сообраќајно претпријатие (ГСП).

Јавниот превоз во Белград има куче-маскота

Според информациите, кучето живее во приградската населба Котеж, но секое утро, откако трпеливо чека на локалната постојка, се качува во градски автобус и оди насекаде низ градот. Очевидците на оваа необична рутина на Жуќа се шегуваат дека тој никогаш не плаќа билет за возењето и не се плаши од контрола.

„Вчера се качи на линијата 37 и предизвика воодушевување меѓу патниците. Кучето уредно влезе, не се туркаше и не чепкаше никого, го зазеде „своето место“ и мирно си го чекаше одредиштето“.

Јавниот превоз во Белград има куче-маскота

„Поради студот почна да влегува во автобусот со број 43 и се возеше до Плоштадот на републиката и назад. Таму се губеше по други автобуси. Повеќепати сме го враќале во Котеж, но залудно, тој упорно доаѓа во градот. Нема поента да го враќате. Имал и сопственик, но постојано бега од дворот каде што го чуваат, едноставно не сака да биде вдомен и затворен. Не вреди ни да го вдомувате, тој е вистински авантурист“, го опишуваат Жуќа и неговите автобуски авантури.

z-2

Група луѓе, воодушевени од однесувањето на кучето, направиле и Фејсбук-страница на која се споделуваат фотографии и вести за нивното омилено куче.