Јавни собири во Скопје, Кичево, Гостивар за поддршка на Ердоган

Со јавен собир на градските плоштади во Скопје, Кичево и Гостивар, организирани од граѓански здруженија и невладини организации, му беше изразена поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во Скопје неколку стотини лица се собраа на плошадот пред влезот во Страната Скопска чаршија во знак на поддршка на актуелната политика на Турција.

За вечерва јавен собир е најавен и во Гостивар. Во Кичево пак претставици на повеќе организации и граѓани излегоа на градскиот плоштад, а им се придружија и гости од Турција. Тие порачаа дека го поддржуваат турскиот претседател и се против насилно менување на власта со недемократски средства.

Ова е продолжување на вакви собирања низ земјава кои се организираа по неуспешниот обид за воен удар во Турција, на 15 јули. Во Турција е прогласена тримесечна воена состојба. По неуспешниот обид за пуч беа приведени повеќе од 15.000 лица, меѓу кои 10.000 се војници. Отпуштени и повеќе од 49 000 луѓе во различни министерства и државни институции осомничени дека се вмешани во обидот за воен удар, како и околу 1.700 војници и 87 генерали.  Турската власт затвори и стотина медиуми, а уапсени беа и десетици новинари, а вице-премиерот на Турција Нуман Курулмуш најави дека Европската конценција за човекови права, според Член 15, ќе биде суспендирана за време на вонредната состојба.

Ова, според актуелната власт, било неопходно да се стори за да се отстрани секаква закана по обидот за пуч.