Јавни претпријатија: остваруваат големи приходи, ги трошат на „награди“, а служат за згрижување на партиски кадри

Средно Водно е познато излетничко место на сите вљубеници во природата кои овде доаѓаат да се релаксираат и да се одморат од урбаниот, градски живот. За да се демотивираат граѓаните да доаѓаат со автомобили, со што би ја загадувале природата, надлежните велат дека одредиле прилично висока цена за паркинг – 100 денари од час.

Иако ништо не се сменило во изгледот на паркинзите на Средно Водно, сепак салдото на „Паркинзи“ расте. За три години јавните претпријатија основани од општините доделиле награди на вработените во вредност од 150.000 евра, се вели во новото истражување на СКУП, реализирано во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување“.

Најмногу пари или половина од оваа сума ја доделило „Водовод и канализација“ – Скопје. За трите години овие скопски комуналци доделиле 75.000 евра, потоа следува „Градски паркинг“-Скопје со 15.000 евра.

На третата позиција според висината на поделените награди се наоѓа велешкото јавно претпријатие Дервен. Таму вработените разделиле 12.000 евра во изминативе ти години.

Целото истражување ТУКА.