ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Од најголеми работодавачи и загубари до  ЈП без вработени но со директори

“Национални шуми“, МЖ “Инфраструктура“, МРТ, ЈСП, “Водовод и канализација“ – Скопје. Ова се дел од јавните претпријатија и државни фирми кои се вбројуваат во групата и на “најголеми “ работодавачи, вработувајќи по над 500 луѓе, пишува Порталб. Јавните претпријатија се во “рангот“ на Советот на јавни обвинители – со најголем број на вработени на возраст повисока од 54 години.

“Крвна слика“ на ЈП менаџирани од државата и од општините

Вкупно 159 Јавни претпријатија има на ниво на државата а од нив  најголем дел или 116 се јавни претпријатија за комунални услуги, 17 се транспортни, 8 се од секторот земјоделство и шумарство, 2  јавни претпријатија се од дејноста информирање а 1 од дејноста информатичко општество. Група од 15 јавни претпријатија се од други сектори – спорт, урбанистичко планирање, енергија, третман на бездомни животни.

“Во јавните претпријатија има вработено вкупно 16.415 лица“ – покажуваат податоците за вработени во јавниот сектор.

Јавните претпријатија, и на локално и на централно ниво, се најголеми работодавачи, не ретко етикетирани како згрижувачки на партиски кадар, Во групата Јавни претпријатија и државни фирми со повеќе од 500 вработени спаѓаат МРТ, Национални шуми, Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на РСМ и други) и јавни претпријатија на Градот Скопје (ЈСП, Комунална хигиена, Водовод и канализација и други).

Конкретно, ЈП Национални шуми пријавиле 1 518 вработени,  ЈП Водовод и канализација – Скопје  1 050 вработени,  ЈСП Скопје  1 022 вработени,  ЈП Комунална хигиена имале 978 вработени а ЈП МЖ Инфраструктура имале 721 вработен.

Токму и оваа група на јавни претпријатија генерираат и најголеми загуби.

Според податоците од Министерството за финансии, на крајот од 2025 та МЖ Железница – инфраструктура со долг од 80 400 000 евра е најзадолжена фирма на ниво на државата, ЈП МРТ пријавило неплатен долг во износ од 5 410 000 евра,  следуваат комуналните претпријатија: ЈП Водовод и канализација – Скопје  со долг од  18 300 000 евра, ЈСП со 10 000 000 евра, ЈП Комунална Хигиена – Скопје  со доспеани а неплатени обврски од   5 766 200 евра а Национални шуми на крајот од 2025 та пријавиле  долг од 250 000 евра.

Јавните претпријатија важат и за водечки не само според  долговите туку и според возраста на вработените.  Тие се на второ место со најголем број на вработени со над 56 години, веднаш зад Советот на јавни обвинители. Конкретно, дури една третина или 33,04% од вработените во ЈП се на возраст од 56 до 64 години, 34,57% се на возраст од 46 до 55 години, 21,62% се на возраст од 36,45% а само 10,5% се на возраст од 18 до 35 години.

Имаат директори но немаат вработени 

Од друга страна во државата постојат околу 10 на јавни комунални  претпријатија кои имаа само по еден вработен како што се на пример ЈП за комунални дејности Октиси с.Октиси – Струга, ЈКП за водовод и канализација ПЕНДА Липково, ЈКП Водовод Арачиново, ЈП за јавен превоз Тетово – транспорт и други. Во дел од овие ЈП вработениот е директорот. Таков е случајот со ЈКП за водовод и канализација ПЕНДА Липково, ЈП за снабдување со вода за пиење Водовод Делогожда с.Делогожда Струга, ЈП за комунални дејности Октиси с.Октиси Струга,  ЈП Кале Центар Жупа, ЈКП Доминг – Македонска Каменица и ЈП за комунално-производни и услужни работи Кале ПО Батец – Виница.

Според бројот на вработени во општинските јавни претпријатија, ЈКП Тетово има 92 вработени, ЈП Градски паркинг е со 70 а ЈКП Шари Тетово 62 вработени. Во Гостивар пак , во ЈП Комуналец – Гостивар на крајот од 2024 та имало 98 вработени а ЈП Градски паркинг и зеленило биле со само 4 вработени.

Според податоците од Агенцијата за администрација, најголем дел од јавните претпријатија или 143 се основани и менаџирани од Општините и Град Скопје, 13 ЈП се формирани од Владата а 3 од Собранието.

Целата вест на линкот