Јавна трибина за корупција во високото образование

Младинскиот образовен форум во четврток (14 април) организира јавна трибина за корупција во високото образование, која ќе се одржи во склоп на Саемот на високо образование на Скопскиот саем (хала 4).

Целта на трибината е да ги прикаже видовите на корупција, начините на борба и досегашните искуства со корупцијата во академските кругови во Република Македонија. На трибината ќе се споделат искуства и знаења од релевантните претставници на институции и ќе се отворат прашања за моменталната ситуација со корупцијата во високото образование во Република Македонија, ефикасноста и ефективноста како и стратешките определби на институциите за нејзино спречување.

Говорници на јавната трибина се:

Жаклина Дамеска, Државна комисија за спречување корупција
Миша Поповиќ, Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје
Ана Јаневска, Антикорупција Македонија
Александра Живковиќ, Младински образовен форум

Почетокот на трибината е најавен во 13 часот.