Јавна трибина на ФИНКИ: Легализација на медицинска и рекреативна употреба на канабис

На ФИНКИ утре од 10 часот ќе се одржува јавна трибина „Легализација на рекреативна и медицинска употреба на канабис“. Настанот е инициран од тим на студенти на ФИНКИ во рамки на предметот „Медиуми и Комуникации“ од втора година.

Со цел да го испитаат јавно мислење за темата, студентите се поделија во две групи и веќе подготвија анкета.

Едната група на настанот ќе одржи презентација за медицински канабис, додека другата за легализација на рекреативната употреба на билката.

На настанот ќе гостуваат претставници од здруженија на граѓани кои се борат за легализација на конопот во Македонија, пациенти кои користат канабис за разни болести и состојби, како и експерти во областа.