Јавна расправа за прогласување на дел од планината Водно за заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Град Скопје, на 3 февруари ќе организираат јавна расправа по Нацрт одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел.

Јавната расправа ќе се одржи онлајн, преку „Zoom“ платформата од 11:00 часот.

Сите заинтересирани можат да присуствуваат на расправата преку најава на следниов ЛИНК (Meeting ID: 930 0057 3177 / Passcode: 975851)

Нацрт- Одлуката е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни. Коментари/мислења/сугестии можат да се доставуваат најдоцна 10 дена од одржувањето на јавна распарва, најдоцна до 13 февруари 2021 година на: infoeko@moepp.gov.mk

Од Министерството соопштија и дека секој што сака да учествува на јавната расправа пожелно е да го најави своето учество на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.