Јавна дискусија за улогата на подмладоците на партиите во Младинскиот совет

„Улогата на подмладоците на политичките партии во Националниот младински совет”е тема на десеттата и последна јавна дискусија за основање на Национален младински совет која ќе се одржи во петок, на 10-ти мај Домот на Хуманитарни организации – Даре Џамбаз. Почетокот на дискусијата е закажан за 11 часот, а настанот ќе претставува сумирање на консултативниот процес од страна на Иницијативниот одбор кој започна во месец февруари и поттикнување на дискусија за улогата на подмладоците на политичките партии во НМС.

Јавна дискусија за улогата на подмладоците на партиите во Младинскиот совет

На дискусијата се поканети претставници на невладиниот сектор, претседателите на партиските подмладоци, меѓународни фондации како и релевантните државни институции.

Иницијативниот Одбор за основање на Национален Младински Совет е тело составено од 16 невладини организации. Одборот беше формиран за време на деновите на младинско вмрежување минатат година во  Дојран каде што учество земаа 36 младински организации и организации за млади коишто заедно ја поставија основната предлог структура на идниот Совет.

Иницијативниот одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото Собрание.