Јавна дискусија на тема: „Предностите и опасностите на загарантираниот приход”

Младинската организација „Мугра” организира отворена дискусија на тема: „Предностите и опасностите на загарантираниот приход”. Безусловното системско обезбедување е тема која многу европски држави ја покренаa изминатите неколку години, меѓутоа постојат бројни аргументи за и против воведување на ваква мерка.

Дискусијата е закажана за сабота (11 јуни), во 13 часот, во просториите на Автономниот културно-социјален центар. На неа, говорници ќе бидат економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ и Билјана Дуковска, претставничка на Македонската платформа против сиромаштија.

„Аргументите за и против гарантираниот приход се директно поврзани со прашањето во какво општество сакаме да живееме. Дали сакаме да живееме во општество во кое ќе бидеме приморани да работиме за да можеме да преживееме, или пак сакаме да живееме во општетсво во кое ќе можеме да живееме и ако не работиме? Тие, пак, имплицираат подлабоки економски и социјални прашања, чиешто решавање се испречува пред ефективното сузвбивање на сиромаштијата. Дали загарантираниот приход ќе ги реши симстемските социоекономски проблеми, дали ќе ја сузбие сиромаштијата, или само ќе ја промени нејзината морфологија?“, се дел од прашањата кои треба да ги опфати дискусијата.