Јавна дебата во Тетово за ефектите од екстерното тестирање

Во канцеларијата на Младинскиот образовен форум во Тетово ќе се одржи презентација на резултатите од истражување спроведено во сите средни училишта од Тетово за екстерното тестирање, по што ќе следи и јавна дебата за ефектите од екстерното тестирање.

Јавна дебата во Тетово за ефектите од екстерното тестирање

Ова истражување кое беше спроведено пред почетокот на екстерното тестирање произлезе како иницијатива на членовите на дебатните клубови во Тетово, кои исто така беа вклучени во неговата реализација.

Презентацијата ќе се одржи на 25 јуни(вторник) со почеток во 12 часот. Присутните гости ќе имаат можност да се вклучат во дебатата со прашања и коментари во текот на говорите.