Јавна дебата во Кичево: Младите – прогресивни или запоставени?

Јавна дебата на тема „Младите како прогресивен дел од општеството или запоставена категорија“, ќе се одржи во сабота, 26 март во Домот на културата во Кичево.

Говорници на настанаот ќе бидат:

Џелал Хоџиќ, граѓански активист
– Мултиетнички аспекти на младинското граѓанско делување. Општа граѓанска мобилизација и заеднички општествен интерес.

Светлана Силјаноска, граѓански активист
– Форми на младинско учество во процесите на креирање и носење на одлуки. Степени на младинско учество.

Замир Мехмети, граѓански активист
– Активни млади и начини на граѓанска мобилизација во насока за остварување на своите права и слободи. Младите заслужуваат подобар третман.

Салије Садику, претседател на Локален младински совет – Кичево
– Улогата на Локалниот младински совет во креирањето на политики за млади, младински активизам и меѓусебна соработка на младите.

Марко Јовески, Центар за истражување и развој на општеството ВИЗИО
– Младинско учество на локално ниво и начини на зголемување на влијанието на младите како интегрален дел од општеството.

Почетокот на дебатата е најавен во 18 часот.